Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи синоќа се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони на која и подари фигура од себе како држи моторна пила.
Милеи, кој себе си се опишува како анархо-капиталист, користеше вистинска моторна пила како реквизит на предизборните митинзи за време на неговата успешна претседателска кампања минатата година, ветувајќи дека ќе ја намали државната администрација.
Локалните медиуми синоќа ја објавија фотографијата од необичниот подарок.
Мелони, од десничарската партија Браќа на Италија, за време на билатералната средба во Буенос Ајрес рече дека Италија и Аргентина ќе се обединат за „да го одбранат идентитетот на Западот“, пренесува Политико.
Двајцата им се придружија на САД во признавањето на опозицискиот лидер Едмундо Гонзалес за новоизбран претседател на Венецуела. Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој победи на спорните избори во јули, е поддржан од Русија.
Милеи се гледа себеси како инспирација за планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да формира Оддел за владина ефикасност (ДОГЕ), работна група за намалување на владата, која заедно ќе ја водат сојузниците на Трамп, Вивек Рамасвами и Илон Маск.
Аргентинскиот претседател го нарече технолошкиот милијардер Маск „херој во историјата на човештвото“ и неодамна го советуваше „да оди до крајни граници“ со ДОГЕ. Мелони исто така има блиски односи со Маск. Милеи стана првиот странски лидер што го посети Трамп по неговата изборна победа.
Фото: Х