Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски, утре во 11:15 часот ќе присуствува на отворање на нова училишна сала во ООУ Наум Охридски во населено место Булачани, Општина Гази Баба.
Вкупната инвестиција на проектот изнесува 29.680.000 денари, а ова училиште добива училишна сала после 61 година од своето постоење.
Предвидено е Мицкоски да даде изјава за медиуми.