АЛСАТ го открива однапред утврдениот дневен ред на седницата на Уставниот суд за поведување на постапката за оцена на уставноста на Законот за употреба на јазиците закажана за 11 декември. Од јавните документи веќе е јасно дека целиот закон, дали во целина или во посебни делови, со сите негови членови е цел на 13 иницијативи во кои се опфатени 46 субјекти пријавувачи.

Оспорени:

Указот за прогласување
Името на законот
Законот како целина

Законот во посебни делови во своите 25 члена, поточно член 1 (став 2, 3 и 4), како и сите членови во целост, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13, 14, 15, 16, 17, 18, 19, 20, 21, 22, 23, 24, 25

Од ова јасно се забележува дека единствено неспорно е ставот 1 кој вели: На целата територија на Република Северна Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.

Пријавувачите ја оспоруваат постапката за одобрување на законот, кој тогаш беше изгласан во трето читање поради непотпишување од претседателот Иванов, како и дека претседателот на Собранието Талат Џафери го прекршил деловникот бидејќи не побарал од предлагачот да го усогласи воведувањето на предложениот закон со регулативата на Собранието.

Исто така, според пријавувачите, Џафери ја прекршил регулативата со тоа што го избегнал разгледувањето на законот на матичните комисии, онаа за финансирање и буџет, за политички систем, Комисијата за односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.

Прекршување според пријавувачите е и тоа што; Законот не е усвоен со 2/3 мнозинство и објавувањето на указот на законот без потпис на претседателот Иванов, според нив е неуставно.

Во однос на правниот состав, оспорени се ставовите 2, 3 и 4 од истиот член 1, а потоа и секој член од вкупно 25-те членови што ги има овој закон.

Што се однесува до името на законот, се оспорува дека тој не бил прецизен и направил правна конфузија.

Додека што се однесува до името албански јазик во заграда, употребен е термин кој го нема во Уставот.

Во однос на институционалната употреба, тоа е спорно бидејќи според иницијаторите е во спротивност со 5-тиот амандман и со ред други последователни амандмани.

Спорна е употребата во матичните книги, личните документи и пасошите, во кои не е наведена употребата на јазикот за другите заедници.

Исто така, во овие иницијативи се оспорува и постоењето на Агенција за примена на јазикот, бидејќи според нив, се исклучени заедниците освен заедницата што е дефинирана како друг јазик што го зборуваат најмалку 20% во заграда (албанскиот јазик).

Но каква ќе биде судбината на Законот за употреба на јазиците? Доколку, како што се пишува во заклучоците од 2022-2023 година дека за овој закон е потребен целосен состав на Судот, овде би недостасувал макар еден судија, тогаш тој би бил блокиран. Но, такво нешто би отворило нова можност, според првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, да се смени заклучокот за да се избегне блокадата.

Но, во случај на учество или неучество на судиите Албанци, меѓу двете фази, онаа на покренување на постапката за правна заштита, и оцената на уставноста, Уставниот суд има и инструмент за испраќање на законот до Законодавната институција, која во период од 6 месеци ќе треба да го усогласи со Уставот. Но, правна основа за овој третман е Бадентер, за што во собранието мора да се договорат сите албански партии.