Јованка КЕПЕСКА

Нема интерес да се надминат ориентациите во идејната сфера кои ја создаваат дезориентацијата. Затоа што не надминувајќи ги таквите несоответни ориентации, остануваат да го кочат нужниот приод за соответна организација и за производствената сфера, и за општеството во целост, за научно-технолошкиот развој. Односно, затоа што претходно постоечките идејни ориентации стојат наспроти новиот пристап воопшто кон животот за сечиј развој и придонес на индивидуата која учествува и во економскот живот, и во општествените процеси врз наука (широко претпоставено како творештво).

Опстоечкиот од минатото историски материјализам создава редукционизам. Во таква идејна рамка се претпоставува економскиот детерминизам, оцелотворен во теоријата на одразот, со што се оневозможува придонесот на субјектот. Појдувајќи од поставката дека сe е предодредено и дека ништо не може, субјективно, со сознание, да се надраснува. А ние во реалноста сеуште остануваме заробени во состојбата за се да остане непроменливо според приодот на историскиот материјализам, сведен вулгарно на три цртички и дијалектичкиот материјализам, сведен на 4 цртички и со изоставена негација на негацијата.

И не е далеку од реалноста да нема критички однос кон идејноста на времето кога можело тешко да се опстојува во партиски и државно предодреденото гледање за да се изврши и вистинската национална идентификација преку творештво. Иако, и надвор од идеологизираното време имаше постигнувања, ја немаше општата плодотворност и реална престижност на творците, и можноста поединецот да опстојува на својот пат со придонес и признателност. А плодотворноста реално е да се очекува во сите сфери.

Во исто време, денес, не е постигнато и реалното вреднување на придонесот, значењето и угледот што би им се придале на одделни творци како резултат на постоечката инерција во пристапот од минатото што, од своја страна, додатно влијае и во пристапот кон актуелниот развој во творештвото.

И особено во сферата на националната проблематика. А мора да се укаже дека во оваа сфера потребно е да се пријдува со оглед на теоретските претпоставки за националната проблематика и во разрешувањето на односите во таа сфера. Јавната и отворена дебата за овие аспекти не смее да се превиди кога има потреба за да се надминат погрешните решенија во националната организација. Како што и со реален научен приод можеа да се избегнат и штетните национални решенија при донесувањето на договорите со соседните држави  претпоставувајќи ги теоретските поставки за националната проблематика.

И, иако, отсуството на критичкото надминување на рудиментарните приоди во идејната сфера не се појавува само во јавните дебати туку и во научната сфера. Јасно е дека многу застранувања ќе се одбегнеа ако имавме вистински научна, а не диригирана, дебата за многу од аспектите на националната проблематика во врска со „едно општество за сите“, со Преспанскиот договор, со договорот за пријателство со Бугарија и за многу други општествени односи и нивната институционализација .

Додека се повикува на единство во политичка смисла, затоа потребно е да се има предвид дека, ако опстанат старите идејни разлики, ефектите на развојот ќе останат ограничени. А, чуму, тогаш, опстојувањето на „идеолошките“ разлики ако, врз основа на крива свест каква што е идеологијата, се повикува на единство? Јасно е, притоа, дека единството може, единствено, да се постигне во надминувањето на идеолошките разлики единствено врз заедничкот именител а тоа е научниот именител. Односно, врз научни аргументи да се надминуваат разликите во пристапите, уверувањата, решенијата за општествениот развиток. А тоа е задачата на теоретските придонеси кои не можат да бидат релевантни за едни партии, додека за други нерелевантни.

Причините за отпорот кон општествена и теоретска дебата, мора да се признае, се најдуваат, исто така, поради минатото. Отпорот кон општествената мисла се јавува поради тоа што теоретската мисла која опстојуваше во социјализмот беше схоластична и догматска за да создаде отпор кон теоретска расправа, воопшто. Иако се отиде во крајност, квалификувајќи ја општествената мисла дека е ненаучна.

Во нашата општествена стварност се случи одговорот на општествените прашања исклучително да се сведува на позитивизмот на правните науки во дебатите што, колку толку, се водат, актуелно. А, потребно е да се има предвид дека правните решенија во рамките на ЕУ се изведени врз најдобрата филозофска и социјална мисла.

Во заклучокот, оттаму, би требало да се увиди дека е безазлено опстојувањето на филозофски или идејни позиции од минатото врз кои е изградуван сиромашно слободниот живот на човекот во социјализмот. Бидејќи таквите гледања и сами претставуваат рудиментирани гледања што се појавиле покрај опстоечките гледања во филозофијата со широко значење. Односно дека, врз опстоечките најзначајни филозофски гледања со кои се надградуваат и разрешуваат средишните филозофски проблеми, суштински се определува и самиот актуелен развој. И очигледните причини кај нас да се надминат старите гледања на историскиот мтеријализам и, еднакво, на источниот и на западниот позитивизам, што зазеле, и заземаат место кога врз старите гледања не се овозможувал, и не се овозможува, развојот.