Изминатата вечер, Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе успешна акција и разби терористичка група која делувала во струшко-гостиварскиот регион, соопштуваат од МВР за ТВ21.
Како што наведуваат од полицијата, групата била активна на територијата на овие две општини.
Полицијата уапсила неколку лица, кои се осомничени за терористичко делување, а по акцијата, се очекува официјално соопштение со детали за операцијата, објави ТВ 21.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со денешната акција во која се уапсени неколку изјави дека станува збор за терористички организации.
-Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, рече Тошковски.
Фото: Архива
Извор: ТВ 21