Благодарност до Кузеска и СДСМ зашто покажаа дека единствено што знаат да го прават е да ја лажат јавноста. Сите докази во врска со лицето кое е надвор од државата се во рацете на МВР. Постојат видео докази за постапувањето на полицискиот службеник, а во текот на денешниот ден ќе биде изготвена кривична пријава од Обвинителството.

Изречена е суспензија на полицискиот службеник, ниту го познавам , ниту сум потпишал за негово вработување во граничната полиција. Жалам што СДСМ работат не во интерес на граѓаните, туку лукративно се во љубов со досегашните коалициски пратнери.

Секој што се огрешил ќе одговара пред лицето на правдата. Посебен поздрав до Кузеска и покрај тоа што станува збор за класична клевета ѝ порачувам дека нема да ја тужам , зашто се надевам дека на опозицијата треба да ѝ се даде шанса и се надевам дека ќе се оправи со текот на времето, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на ФБ како реакција на прозивките од СДСМ во врска со бегството од Македонија на екс првиот вицепремиер Артан Груби.