Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели доколку има потреба и причина за воведување на воен рок, АРМ и сите стручни служби се подготвени веднаш да го разгледаат ова прашање.

-Јас многу пати сум кажал дека навистина е убаво секој еден млад човек да помине определен период во армијата, но сега таа можност исто така е дозволена во законот, секој доброволно може да биде дел од Армијата. Но, сега за сега ова не е на маса, но доколку има иницијатива и причина се разбира дека тоа ќе биде разгледано, вели Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Мисајловски информираше дека Македонија следната година ќе издвои 329 милиони евра за одбраната, со што ќе го исполни условот од НАТО да одвојува два отсто од бруто домашниот производ, од кои 32 отсто или 106 милиони евра се наменети за модернизација на армијата..

„ Имаше заложби да биде и овој период над 2 проценти се разговараше на состаноците да се стигне и до 3, 3,5 проценти, останува да видиме по јануари кое ќе биде барањето и на новата администрација но во овој момент она што е барано од нас како армија да биде 2 проценти, тоа е испочитувано. Мислам дека околу 23 земји, горе-доле имаат над 2 проценти од буџетот, но има и големи држави кои што не го достивнуваат. Ќе биде навистина тешко да се одвојуваат дополнителни средства од секоја земја во делот од одбраната, “истакна Владо Мисајловски – Министер за одбрана.

Мисајловски за следната година најави и започнување на постапка за прием на нови 300 професионални војници. “. Додаде дека наредната година ќе се инвестира во најголем дел од капацитетите на МО, кои се во лоша состојба, меѓу кои Домот на АРМ во Скопје, како и одморалиштата во Дојран и Свети Наум.