Јованка КЕПЕСКА
Следејќи ја аргументацијата на подносителите на неодамнешните интерпелации на функционерите на власта во Собранието се поставија некои основни претпоставки. Воочлива беше претензијата денешната општествена состојба во Македонија да се настојува да биде претпоставена како објективна состојба која, како што би било логично, ѝ е определено нужно да стреми, таквата за да се санкционира правно и државно за да се конституира. Од таква појдовна позиција се изврши критиката на отсуството во дејствувањето на функционерите за кои се вршеше интерпелацијата.
Во колоквијалниот говор се искажани тенденциите за посакуваното устројство на македонското општеството како надоврзок и на досегашни системски решенија но и со претензија да се создаде идејна сфера која би ги припремила посакуваните промени. Станува збор за замена на карактерот и на македонското општество оттаму и за промена на карактерот на државата. Државата се ословува како мултиетничка држава; збројот на народите се нарекуваат нации иако тие имаат карактеристика на издвоен политички идентитет на заедници. Евентуално, се споменува само мнозинство на еден народ, како бројчана, а не и квалитативна, определба на државата. Онака како што се очекува определувањето на унитарниот карактер на државата да значи идентитетска ознака, македонската државност, пројавена во званичноста на македонскиот јазик што ја одвива квалитативната кохезивност, наместо да претставува само јазик за комуникација. Негирајќи културата севкупно да се искаже како македонска затоа што е создавана и во севкупни идентични општествени услови. Македонското општество за да се претпостави само како збир на народи наместо како заедница што општествено и политички е поврзана, како македонска нација.
Притоа јасно е дека барањето за легализација на вака сфатената ствалност води кон неразрешени општествени односи и кон постојани општествени кризи. Нешто што не може да се правда со потребата за политички престиж на определена партија или групација.Туку како нешто со подлабок општествен интерес за стабилност на општеството и на државата бидејќи барањата за општествени решенија кои се надоврзуваат на искривената практика водат кон распаѓање на заедништвото и јасно кон поделба на државата.
Можеме да ги именуваме таквите посакувани решенија во сите сфери но станува збор за потребата да се препознае самата основа за нив што има потреба да биде искритикувана и надмината.
Во повеќе ситуации, ваков пристап се применуваше при разрешувањето на некои општествени ситуации и во минатото. Имено, со намера да се санкционира „објективната ситуација“ да се создадат правни и општествени решенија, проектирани вон теоретските претпоставки или вон европските нормативи, строго прагматични, речиси, единствено за македонската држава и македонското општество. А, всушност, стануваше збор за решенија кои беа наложени од дневни политички интереси и комбинаторики. На таков начин се видоизмени нашата стварност како „засрамена стварност“. Поради непринципиелни, незасновани врз научни и нормативни решенија застапени во светската практика. Создавајќи стварност што изрешетана со пукнатини.
А во тоа е суштината на теоретскиот израз за засрамената стварност кога таа ја напуштила вистинската објективизација. И станала стварност која застранила, објективната стварност која е засрамена.
И, сега, токму од аспект на застранета практика, како предложена дијагноза, се бара остварување на политика „како израз на објективна состојба“ или како за политика за „објективната“ состојба.
Единствено прифатлив излез од ситуацијата е обратно, токму во разрешувањето на таа, и таква, крива практика, а не во нејзината легализација. Со актуелните решенија таквата мора да се надминува, како искривена практика, преиспитувајќи ја научно. Според улогата на науката, значи, критички, за да се надмине стварноста со промени кои не се остварени на соответен начин а било можно да бидат остварени. И затоа што, следејќи, всушност, критикувајќи, што е тоа што било можно а не е остварено, науките укажуваат на остварливите решенија во сварноста. Науките применувајќи ја визијата за човештината олицетворена на апстрактвно ниво во филозофијата. Конечно, правото и политиката за да ги реализираат нормативно и со активности. Тоа е патот што го изодува нормативната дејност во ЕУ: Сите правни решенија го следат патот на реализацијата на филозофијата преку критичкиот исказ во науките за дефинирањето на регулативата и за политичката активност.
Нашата стварност мора да ја изджи критиката која е неминовна.
Општествените решенија, во интерес на нашата функционалност, оттаму е потребно да бидат усогласени и усогласувани со теоретски поставки и со постоечки правни регулативи со меѓународни рамки.