Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија.
Цените на билетите за средбите во Вараждин се зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра.
Македонската селекција денес од 15:30 часот, Македонија ќе игра со Австрија.
За разлика од Вараждин, во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората фаза, билетите се пуштени во продажба по 40, 60 и 80 евра.
Најевтини се билетите за Претседателскиот куп во Пореч, каде цените се движат од 5 до 25 евра.
Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025.
По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик.
Со евентуална победа македонската репрезентација ќе ја престигне Австрија и ќе ги задржи шансите за што повисок пласман, па дури и четвртфинале.
Почетокот на средбата е закажан за 15:30 часот.
Другите двојки од оваа група се:
Катар – Холандија (почеток 18 часот) и
Унгарија – Франција (Унгарија – Франција 21 часот).
Фото: МИА