СДС бранат криминал и го напаѓаат Томовски зошто заштедил на државата пола милион евра. СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно. Споменатото лице не е роднина на Томовски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Што се однесува до споменувањето на некои лица коои се поврзани наводно со криминал, а се доведени во конотација со Томовски, тоа е исто како ние да кажеме дека на Филипче роднина е Раде Штекли и зошто го штител, и дали заедно дилале дрога. Но, очигледно за СДС, не е проблем да продолжат како до сега да лажат и да штитат криминалци, и за разлика од СДС, ние не шпекулираме туку се служиме со факти и прашуваме. Го прашуваме Пеце Мирчевски екс директорот на СОЗР, каде оделе половина милион евра годишно или за 6 години 3 милиони евра кои сега Томовски ги заштедува, дали е точно дека завршувале кај тандемот Зечевиќ Ковачевски, претходно кај Заев, а дел во партиската каса?, стои во партиската реакција.