Компанијата за морска храна Мови, најголемиот светски производител на одгледуван лосос, соопшти дека четвртина од нејзината популација од 105.000 побегнала од фарма во Тромсо, северозападна Норвешка, и понуди награда од околу 45 долари за секој уловен лосос. Како што се наведува, од кафезот избегале околу 27.000 лососи, пренесува Гардијан.
Норвешката Дирекција за рибарство потврди дека бегството на лососот од фармата Тромсо во неделата го пријавила компанијата Мови, наведувајќи дека во објектот на фармата Сторвик во Тромсо е откриено оштетување на мрежата на рибната фарма по бурното невреме.
Просечната тежина на секој побегнат лосос е околу 5,5 килограми. Активистите исто така се огласија и предупредија дека оваа ситуација е „катастрофална за популацијата на дивиот лосос“.