Во рамки на Минхенската безбедносна конференција денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствувал на панел дискусија насловена „Ready, Steady, 2030! Accelerating the Balkans’ EU Accession”.
– Забрзувањето на интеграцијата на балканските земји кон Унијата беше фокус на панелот на кој дискутираше премиерот Христијан Мицкоски заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и Комесарот за проширување при ЕУ, Марта Кос, напиша на неговиот фејсбук профил министерот Мисајловски.