Рускиот претседател Владимир Путин вечерва ќе се сретне со специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, објави Комерсант, повикувајќи се на неименуван извор.
Средбата ќе се одржи во Кремљ по разговорите на Путин со белорускиот претседател Александар Лукашенко, пишува рускиот весник.
Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков претходно денеска изјави дека Виткоф ќе се сретне со „многу високи“ руски претставници.
Тој рече дека во разговор со американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц, американскиот предлог го оценил како „избрзан“, истакнувајќи дека Русија сака долгорочно решение на украинската криза што ќе ги земе предвид нејзините легитимни интереси.
Тој, исто така, истакна дека предложениот 30-дневен прекин на огнот „не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија“.
Ушаков не ја исклучи можноста Путин во текот на денот да даде поконкретни оценки за предлогот за привремен прекин на огнот во Украина.
По разговорите одржани во Саудиска Арабија на 11 март, Украина го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот. Вашингтон вети дека ќе и го пренесе овој предлог на Москва.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф денеска пристигна во Русија за да разговара за предлогот за прекин на огнот и билатералните односи, вклучувајќи го и нивниот економски аспект.