Во врска со објавата на Инфомакс дека сум адвокат на Дејан Јованов сопственикот на Дискотека Пулс:

ДЕМАНТИРАМ!, напиша на фејсбук Иван Лефков.

ВО ПРЕДМЕТОТ на Основен суд Кочани К-170/13 помеѓу обвинетите не е сопственикот на дискотеката туку лице со исто име и презиме роден 1984 година, а јас сум бранител на прво обвинетиот Горан што може да видите на записникот. СРАМОТА!!!

Немам никаква врска со сопственикот на диското ниту некогаш сум имал ангажман, цел град знае кој му е адвокат на Деко! Веста е целосно измислена сите што ме знаат и познаваат знаат дека ова е лага и измислица ќе доставам и докази, а од Инфомакс барам ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ!

Во меѓувреме сите мои коментари на објавата на Инфомакс се избришани и сум блокирам а од нив немам одговор на пораката-Доказ дека целта е да бидам оцрнет но мојата совест е чиста каде на вас ќе ви оди душата!!!