Расте бројот на заболени со респираторни болести. А, за зголемувањето на заболените влијаат голем број фактори, а меѓу нив и загадениот воздух, пушењето цигари, внатрешните загадувачи во зградите и други. Ова се дел од заклучоците кои денеска во изјава за медиумите ги потенцираа дел од учесниците на 6. Конгрес на Македонското респираторно здружение и 5. Конгрес на Здружението на пневмофтизиолози.

Проф. д-р Деска Димитриевска од Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје и претседателка на Македонското респираторно здружение истакна дека се додека не се преземаат активности околу намалувањето на загадениот воздух и другите фактори, во земјава ќе има поголем број на болести од респираторниот тракт.

-Не е многу добра респираторното здравје на македонските граѓани. Низ цел живот работиме на тоа, но докторите се тука да ги лекуваат болестите кога веќе настанале. Многу малку можеме да направиме на превенцијата за да спречиме појава на овие болести. Голем број на фактори влијаат за да се појават болестите. И тука за жал докторите малку можат да направат. Многу повеќе можат да направат политиките на државата да се работи на намалувањето на загадениот воздух, да се намали бројот на пушачи, да се подобрат условите на работа. Се додека тоа не го направиме, во Македонија има и ќе има поголем број на болести од респираторниот тракт. Ние ги лекуваме, тогаш кога ќе ги добиеме на клиника, но тоа честопати е доцна, затоа што од друга страна и не секогаш на време бараат лекарска помош, рече Димитриевска, која неофицијални кажа дека во земјава има околу 1000 случаи на заболени од карцином на белите дробови.

Таа информира дека на Конгресот учествуваат околу 300 учесници и 30 странски предавачи од Англија, Шпанија, Словенија, Италија и сите околни балкански земји.

Професорот на медицина на Универзитетот Саутемптон во Велика Британија, Ратко Ѓукановиќ, кој беше еден од предавачите во изјава за медиумите нагласи дека за жал карциномот на белите дробови е на првото место на болестите.

-Постојат некои болести, некои медицински проблеми кои сега заземаат големо внимание. За жал, карцином на белите дробови уште е број еден. Постојат болести каде преваленцата расте и бара големи напори од страна на здравствените служби, а таква е бронхијалната астма која е многу честа – еден од десет деца кои се родиле сега во Британија е со бронхијална астма. Хронична опструктивна пулмонална болест (ХОББ) зазема голем дел од болестите благодарејќи на тоа што луѓе сака да пуши, рече тој.

Професорот Ѓукановиќ потенцира дека она што ствара грижа кај нив околу сите овие болести е загадувањето на воздухот.

-И тука сите земји патат од тоа, уште не сме преминале на електричните автомобили. Постои загадување на воздухот од страна на индустријата. Зависи од земја до земја во однос на тоа колку аерозагадувањето влијае врз зголемувањето на бројот на заболени од карцином на белите дробови, астма… Порано кога јас бев млад, ретко сме виделе пациенти со карцином на белите дробови кои не се пушачи, а сега тоа воопшто не е реткост. Сега не мора тоа да значи Сега повеќе внимание им посветуваме на загадувачите кои се внатре во зградите, односно и на внатрешните загадувачи, а не само на надворешните, рече Ѓукановиќ.

Доцент д-р Зорица Нановиќ од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза во Скопје и претседателка на Здружението на пневмофтизиолози по затворање на Конгресот нагласи дека почна да се појавува туберкулозата за која се сметаше дека е победена уште одамна.

-Во Англија имаат проблем со туберкулози и ќе има низ Европа. Во последното известување на европската ЦДЦ 4,3 проценти на заболените од туберкулоза се деца во Европска унија и европска економска зона. Вакцинацијата бележи редукција на бројот на вакцини, односно ревакцинација во последните две децении затоа што имавме добри епидемиолошки индикатори. Актуелниот календар за вакцинација предвидува само на раѓање една доза на вакцина и се смета дека таа добро штити. Во наредните 10 до 15 години, дечињата од тешки форми на туберкулоза, рече таа.

Нановиќ истакна дека не сме се ревакцинирале затоа што, како што рече, се сметаше дека нема туберкулоза. Потенцира дека меѓутоа ставовите се менуваат и има актуелни испитувања и студии кои велат оти можно е да се вратат некои од ревакцинациите повторно во програмата.