Од денеска до 31 мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира.

– Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 г. до 31.5.2025 г., поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Овие тунели станаа познати по чочекот кој беше одигран на свеченото пуштање во употреба, по доаѓањето на власт на Зоран Заев и СДСМ, за автопатот и тунелите што ги изгради претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.  Како што е познато, во таа еуфорија на менување на имиња од страна на Заев беше сменето и името на автопатот.

Фото: МИА архива