Вечерва на патот Кичево-Гостивар помеѓу Кичево и село Трапчин Дол се случила тешка сообраќајна несреќа во која како што информира портпаролот на СВР Охрид загинале три лица.

Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила. Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила, вели Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид за ТВ21.

Несреќата се случила на сама кривина кај месноста викана „Сеферов бунар“ на магистрален пат А2, Кичево-Гостивар, учесници биле три возила, едно со странски регистарски додека другите со македонски национални ознаки.

– Според извори на терен три жртви се трагично загинати, додека осум лица се тешко повредени меѓу кои и деца се префрлени на клиники во Скопје и Охрид, објави порталот porta.mk.

Неофицијално загинатите се жители на држава во странство, додека едната жртва е државјанин со место на живеење во Македонија.