Дечињата, кои ќе учествуваат во Бадниковата поворка по повод големиот празник Рожденство Христово – Божик, вчера одржаа проба по литургијата во манастирот „Свети Наум Охридски- Чудотворец“ во скопско Радишани. Тие веќе неколку недели неуморно ја вежбаат „Вечниот Бог“ под палката на Марјан Ѓошев, кој раководи со певницата во манастирот.
Послушајте колку прекрасно звучи „Вечниот Бог“ во изведба на овие дечиња.