Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во 24 анализа рече дека учеството на Таравари во Владата е завршена работа. Според него, ставовите на „Вреди“ се јасни уште од самиот почеток – не е прифатлива соработка со ДУИ.
„Нашите ставови се јасни од почеток и од информациите што испливаа дека Таравари има комуникација и се договара со ДУИ и за нас тоа не беше прифатливо. Ако гледаме хронолошки сите настапи и информации што ги споделуваше Таравари се конфузни и јавноста сама треба да процени. На почеток не прифаќаше дека има контакт, а потоа сам потврди дека имал телефонски рзговор и на крај испадна дека имаат и средби. Нашиот став беше дециден дека ние нема да партиципираме со партија што соработува со ДУИ. ДУИ ја потроши последната карта, инвестира во расцеп на партиите и Таравари им е последна карта. Преку Таравари сакаат да влезат во Владата и во тој дел мислам дека намјмногу загуби Таравари. Јас мислам дека учеството на Таравари во Владата е завршена работа и неколку пати кажавме дека не прифаќаме да соработува со нас и со ДУИ“, рече Ганиу.
Тој зборуваше и за тоа дека доколку е повторно кандидат за градоначалник на општина Чаир очекува поддршка од граѓаните.
„’Вреди’ ќе има кандадит за Чаир и за сите општини каде ќе имаме шанси. За Чаир прво ќе се направат истражувања и мерења и јас не би сакал да бидам фиксен ако ја немам поддршката од граѓаните. Битно е да има кандидат кој ќе победи. Јас ако бидам кандидат би сакал да биде Османи противкандидат“, додаде Ганиу.