Повеќе од 20 години Али Ахмети беше на власт, промовирајќи етнички поделби, јавашлук неодговорност. Дуизацијата и криминализацијата на државата немаат ништо заедничко со правата на Албанците, туку перфидна стратегија за владеење, разоружување и разнебитување на државата, се истакнува во соопштението од Демократскиот сојуз, кое во продолжение го пренесуваме во целост:

Затоа заканите (последните во Струга) за дестабилизација и заканите за остатокот на Македонија и излегување на улица, му се удираат од глава. Ќе биде долго во опозиција. Сите граѓани се свесни, вклучително и Албанците, дека грабежот од позиција на власт промовирајќи билет за во еден правец – заминување на младите во странство.

Без разлика на се, треба државата да дејствува превентивно и да постапи како и сите други демократски држави.

Да иницира постапка за спречување на налудничавото, деструктивно и противуставно дејствување. Јазичните, институционалните, етнички или верски права на Албанците не се загрозени, туку се тресе тлото на политичката надмоќ  која повеќе од 20 години го ограбува сопствениот народ.

Заканите, насилството и тероризмот не можат да бидат платформа за враќање на власт, тој филм еднаш помина и никогаш повеќе. Само владеење на правото, економски развој и имплементација на европските вредности се гаранција за мир, стабилност и просперитет.