Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Македонија и Обединетото Кралство (ОК) потпишаа договор за стратешко партнерство. Се предвидува нов инвестициски циклус вреден 6 милијарди евра. Како што изјави премиерот, договорот опфаќа големи инвестиции во клучни сектори. Инвестициите ќе бидат во инфраструктурата, железничкиот и транспортниот систем, здравството и други области од јавен интерес.
Мицкоски: Ќе следи инвестициски бран во инфраструктура, железница, транспорт и здравство
Изјавата дојде веднаш по средбата на Мицкоски со британскиот премиер Кир Стармер на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Тирана, Албанија.
„Македонската јавност ќе биде сведок на договор којшто претставува привилегија, затоа што се работи за партнерство со една од светските велесили. Деталите ќе ги соопштиме во наредните денови“, рече Мицкоски.
Договорот не содржи одредби за азил и центри за враќање, тврди Владата
Во јавноста се појавија шпекулации дека договорот меѓу Македонија и ОК предвидува прифаќање одбиени баратели на азил од Велика Британија, но Владата на Македонија категорично ги демантираше овие информации.
Според извори на Дојче Веле и официјални владини претставници, договорот не содржи никаква одредба поврзана со создавање „центри за враќање“ или преземање на одбиени азиланти. Иако британскиот премиер Стармер најави преговори со повеќе земји за такви центри, Македонија не е дел од тие разговори, велат од Владата.
Изјавата на премиерот Мицкоски погледнете ја во продолжние: