Фудбалерот на Јувентус, Блез Матуиди донираше 330.000 евра наградеа од СП во Русија за хуманитарни цели.
Французите за титулата добија вкупно 38 милиони евра, а секој од 23-та фудбалери по 330.000 евра. Матуиди одлучи тие пари да ги даде во органзиација за помош на деца.
– Имаме слобода да ја донесеме таа одлука…Најважно е дека доаѓа од срце, изјави Матуиди за Журнал ди Диманш.
Матуиди основа хуманитарна организација со цел помош на сиромашни деца од предградија.