Јованка КЕПЕСКА

Давајќи ѝ значење на песната на Македонија како на молитва, во есејот за македонската народна песна, Коста Солев Рацин најдлабоко ја означува, всушност, битта на македонскиот народ. Говорејќи, притоа како за песна со исконска чистота и просто испеана. Песната е огледало на нејзината душа и нејзината воздишка, ќе рече, така што набраната мака, длабока и интензивна, ќе се одухотвори од раката на свирачот на проста тамбура или кавал а народниот поет ќе ја испее просто, далеку непосредно, со нерасипана и исконска чистота. А токму таквата песна на Македонија е нејзината молитва.

Како длабоко филозофско поимање на македонската песна која е идентитетот на македонски народ. И, за да се разберат определбите за македонската народна песна како за молитва на македонскиот народ.

Искажувајќи го ставот, Рацин интелектуално ја следи севкупната, би се рекло, духовна традиција кај македонскиот народ за природноправната суштина на народот. Изразена и во научната продукција, но и како пролегомена во политичката програма. Притоа несомнено се ослонува врз најзначајните филозофски ставови за суштината на народите, пред се, според Хегел. Впрочем, Рацин дури и учествувал со есеи во филозофските расправи и контраверзи, по повод објавувањето на Хегеловата „Логика“, триесеттите години од 20 век, во поранешната југословенска држава, околу сфаќањето на  дијалектиката. Па и да се претпостави и определувањето на сфаќањето за приодот кон народот.

Филозофската претпоставка е дека народот е оној кој е афтентичнот творец. Творештвото на народот е севкупно така што може и да се претпостави дека судбата е сочитана во неговата севкупна молитвата. Токму онака како што на народот се гледа споено со оглед на она што е неговото, суштинското. Така што, со оглед на тоа што е неговата суштина, да се одвива мислењето на и за македонскиот народ.

Тоа е патот за неговата идентификација. Кој како процес кој е непрекинат и трае па идентификацијата на народот не е извршена, ниту одеднаш, ниту дефинитивно. На таков начин во неговата идентификација постојано навлегува неговото творештво како негов определлив квалитатив што постојано се остварува и расте со оглед на својственото.

Па и молитвата на македонскиот народ ја искажува неговата бит, неговото се.

Молитватата на македонскиот народ е световна. Таа не е според главната молитва во христијанството, „Оче наш“, предложена од самиот Исус Христос според која народот е предаден на Божјата волја. Туку, иако како најтешко остварливо, народот се создава самиот, како свое сопствено остварување.

Да го искажеме и ставот за идентитетот на народите на хрватскиот филозоф Вања Сутлиќ кој помага во определувањето на сушноста на нашата идентификација искажана со мислата дека песната е нашата молитва.

Објаснението е дека: „Како што е егзистенцијата на човекот секогаш моја, така е таа и од народен карактер. Плуралитетот на народите одговара на плуралитетот на личностите и на нивниот ред. Космополитизмот не е интернационализам, кој што корелативно ја претпоставува нацијата, туку „нацијата“ (политичката заедница) „анационалните“.

Доколку народот како самосвојно и наше извонредно и суштинско својство во смисла на по-вестниот склоп не може да се определи ниту објективно (како предметно мислење за…) ниту како субјективно (модификација на дијалектиката на „светскиот дух“), тогаш мислењето на народот како еминентно по-вестно мислење не може да се одвива ниту во науките, ниту во филозофијата, туку е својствен… еден од конституентите на суштината на човекот… Народот не е општествено-политичка творба, нација во светот на трудот, туку говоречкиот посредник на битието и времето, на су-битието и сушноста во светот како основа на „кажата“ (тоа што гоговори, донесува – н.з.), недостапен на лингвистиката и на филозофијата на јазикот. Бидејќи, како што не сакаме нивелација во која исчезнува индивидуалноста на индивидуите, така не сакаме униформност и нихилизација на народот и на неговото кажување. Дијалектиката на нацијата е укинување, чување и подигнување на повисок степен на народот. Дијалектиката на јазикот е укинување (спореди есперанто), чување во посебноста и подигнување на повисок степен на кажата и кажувањето. Целината на овие процеси може да се преболи само во по-вестното мислење.“

„Народот, не како било каква определена маса туку преку чин (Ранг) собир на су-луѓе…“ …„ заедништво на квалитативно различни индивидуални опстаноци“.

Грижата за кажувањето ја осигурува суштината на народниот јазик…го овозможува духовното битие на човекот. Тоа истоветно го отфрла секое расно, национално, народно-психологиско, етнографиско, етнологиско и т.н. инструментализирање наспротив кажувањето како нешто само човечко.“