Следниот датум за преговори меѓу Русија и Украина ќе се утврди кога двете страни ќе бидат подготвени, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Очигледно е дека ќе биде потребно време за да се разгледаат разменетите нацрт-меморандуми. Кога страните ќе бидат подготвени, ќе се договорат за датумот на следната рунда преговор, посочи Песков. Тој додаде дека Украина го нападнала Кримскиот мост и дека имало експлозија, но дека не се предизвикани штети. Украинската служба за безбедност вчера соопшти дека поставила експлозиви под нивото на водата и погодила дел од мостот кој ја поврзува Русија со анектираниот Крим.