Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на форумот „Глобсек“ во Прага изјави дека во државата се во тек подготовки за специјализиран саем и дека изборите ќе се одржат кон крајот на следната година или на почетокот на 2027 година, пренесоа белградските медиуми.

„Оние (кои протестираат) прашаа кога ќе има избори. Изборите ќе бидат или кон крајот на следната година или на почетокот на 2027 година. Тоа е тоа. Имавме избори пред една година, а сега се подготвуваме за специјализираниот саем „Експо 2027“, рече Вучиќ кога беше прашан за протестите во Србија на панел-дискусијата.

Вучиќ нагласи дека сега има многу работа во Србија, како и дека треба многу да се работи на патот кон европска интеграција.

„А ,потоа народот ќе одлучи кој ќе победи и кој ќе владее со земјата во иднина“, додаде Вучиќ.