Американската војска распоредува борбени авиони на Блискиот Исток и задржува други воени авиони во регионот, зајакнувајќи ги таму американските воени сили додека беснее војната меѓу Израел и Иран, изјавија тројца американски функционери.
Еден од функционерите изјави дека распоредувањето вклучува борбени авиони Ф-16, Ф-22 и Ф-35.
Двајца функционери нагласија дека распоредувањето на борбени авиони, кои беа користени за соборување беспилотни летала и ракети, беше одбранбено по природа. Пентагон не одговори на барањето за коментар.
Ројтерс вчера објави дека голем број авиони-танкери се преместуваат во Европа, како и распоредување на носачи на авиони на Блискиот Исток, што му дава на американскиот претседател Доналд Трамп повеќе опции додека тензиите на Блискиот Исток растат.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го опиша распоредувањето како одбранбено по природа, бидејќи Вашингтон се стреми да ги заштити своите сили на Блискиот Исток од потенцијални последици од Иран и неговите посредници во регионот.
Четвртиот американски функционер за одбрана изјави во понеделник дека дополнителни воени бродови на американската морнарица способни да соборуваат балистички ракети би можеле да бидат распоредени во источниот Медитеран.
САД веќе имаат значителна сила на Блискиот Исток, со речиси 40.000 војници во регионот, вклучувајќи системи за воздушна одбрана, борбени авиони и воени бродови кои можат да детектираат и соборуваат непријателски ракети.