Политички коректниот Европски парламент повикува на прекин на употреба на зборовите „man“ и замена со сексуално неутралeн збор.
ЕП се обидува да ја елиминира употребата на зборови како „mankind“ и „manpower“ и да ги замени со родово неутрални како што се „humanity” и „staff”.
Официјалните претставници и пратениците во Парламентот добија прирачник за употреба на родово неутрален јазик во комуникациите, законодавството на ЕУ и толкувањето.
„Полово неутралниот јазик е повеќе прашање на политичка коректност”, се вели во прирачникот. “Јазикот силно ги одразува и влијае врз ставовите, однесувањата и перцепциите”.
Political leaders (политички лидери) треба да се употребува наместо statesman (државници), а предметите треба да се нарекуваат „artificial“ или „synthetic“, а не man-made.
Од ЕП објаснуваат дека препораките не се обврзувачки правила туку обично охрабрување.
Секретаријатот на Парламентот ја опиша целта како промовирање на несексистички, инклузивен и фер јазик и „има за цел да се избегнат фразите што може да се сметаат за предрасуди, дискриминација, понижувачки забелешки или сугерирање дека родот или социјалниот пол се норма”.