Кандидатите на СДС за градоначалници се истите веќе два изборни циклуси, тоа е доказ дека Заев ги одбира, Филипче ги констатира, рече на денешната прес-конференција Јане Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев преку Филипче и СДС, сака да не врати во едно темно минато, кое беше исполнето со неуспешни градоначалници, кои ќе останат запаметени по своите скандали и неработа. Градоначалниците на Заев и денес ќе бидат на гласачките ливчиња, благодарение на послушноста на Филипче, кој само за да му удоволи на Заев, ги кандидираше луѓето на Заев. Таков е и примерот во Јегуновце, каде што кандидат по трет пат е Дарко Блажевски, за кој гарантира токму Зоран Заев. Блажевски откако веќе еднаш ја предводеше општината и не направи ништо за подобрување на животот на граѓаните, денес повторно ќе биде кандидиран од страна на СДС. Тој ветуваше културен дом со проект од 50 илјади евра во Јегуновце, за да на крајот стариот културен дом преку приватизација да си го земе во негова сопственост. Тој е единствен човек што има затворено ЈП. Во Јанчиште, вети канализација, направи дел од неа и никогаш не се пушти во употреба, додека во Жилче, ветуваше вода за жителите, за да дочекаат градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ да им го оствари тоа ветување. Кој еднаш ги разочарал, пак ќе ги разочара. Ете, ова се кандидатите на СДС. Во недостаток на нови, свежи и квалитетни кадри, кои можеби би понудиле нешто ново на политичката сцена, СДС и Филипче одат со стари и истрошени кадри, кои се блиски до Заев, а граѓаните не ги поддржуваат. Кандидатите на СДС кои се претставуваат како нови лица, се истите луѓе кои со години се на политичка сцена и се послушници на Заев, истакна Мицевски.
Затоа граѓаните ја даваат поддршката на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Мицевски.