Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на нашата татковина. Пред нешто повеќе од една година, наследивме девастирана држава, пеплосана, оставена во безредие и наше е да градиме, и да градиме се од почеток.
Економијата остана главна во фокусот на нашето внимание, меѓутоа не помалку и инфраструктурните решенија, зголемување на пензиите, зголемување на одредени плати, исплаќање на застарените субвенции, заостанатите долгови, меѓутоа исто така и редовни исплаќања на новите субвенции, рече пратеничката Рашела Мизрахи.
Во општината се добиени околу 150 милиони денари за инфраструктурни решенија од различен тип, за различни типови на градење. Продолжуваме и понатаму така, за Македонија!