Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека неговата администрација е блиску до постигнување трговски договор со Кина, но не даде дополнителни детали. „Многу сме блиску до договор со Кина.
Всушност, веќе постигнавме договор со Кина, но ќе видиме како ќе оди“, изјави Трамп за новинарите на почетокот од состанокот со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Шкотска, објави Ројтерс.
Врвните американски и кинески преговарачи ќе се сретнат утре во Стокхолм за да разговараат за долготрајните економски спорови што се во срцето на трговската војна меѓу двете земји, објави претходно Ројтерс, со проценка дека тие имаат за цел да продолжат еден вид примирје што ќе спречи воведување значително повисоки тарифи.
Порано денес, кинеските медиуми објавија дека се очекува Кина и САД да ја продолжат паузата за тарифите за уште три месеци на утрешните трговски разговори меѓу САД и Кина во Стокхолм.