Македонецот Зоран Настески успеал да совлада патник кој извикувал во авионот дека има бомба. Како што се гледа и на видеото, тој извикува „Алах Акбар“, а Настески го спречува инцидентот. Токму Настески видеото го прикачил од неговиот профил на Јутуб, како што може да се види. Инцидентот се случил вчера на лет на компанијаа Изиџет од Лутон до Глазгов.
Иако првично српските портали објавија дека станува збор за српски државјанин сепак се работи за Македонец. Ова доведе до принудно слетување на преполн авион на аеродромот во Глазгов.
Напаѓачот потоа беше врзан со лисици и шест полицајци го извлекоа од авионот, додека преплашените патници останаа во солзи.
На видеото се слуша како напаѓачот вели: „Сакав да му испратам порака на Трамп… тој е во Шкотска“.
Се вели во објавата на Инстаграм профилот @24Chasa.