Денес се одбележуваат 24 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, кога во заседа животот го загубија осум македонски бранители. Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, преку објава на социјалните мрежи им оддаде почит на хероите, нагласувајќи дека нивната жртва е нераскинлив дел од македонската историја и иднина.

„Бранителите на Македонија се светост и ќе живеат вечно во спомените,“ напиша Костовски, истакнувајќи дека поминале 24 години тага во срцата на нивните најблиски и на целата држава.

Во трагичниот настан загинаа Томе Бадаревски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски и Раде Јанковски.

„Тие дадоа сѐ за Македонија! Слава им!“, порача градоначалникот Костовски, додавајќи дека нивното дело и жртва никогаш нема да бидат заборавени.