Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија попладнево претрпе нов пораз на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје. Во натпревар за пласман од 13-16.место македонскиот нацинален тим загуби од Бугарија со 65:70 (16:14; 16:20; 18:23 и 15:13).
Во поголемиот дел од натпреварот (цело второ полувреме) кадетите на Бугарија имаа предност не поголема од осум поени разлика. Во последната минута младите македонски кошаркари намалија на минус еден (65:66), но направија грешка во последниот напад и противникот ја зголеми предноста и стигна до победата.
„Црвено-жолтите“ утре во натпревар за 15.место ќе играат против селекцијата на Велика Британија со почеток во 11:30 часот.