Д-р Сара ХИЛ
Ако му покажете на маж фотографија од жена облечена како директор и таа е прекрасна, и му покажете на маж слика од жена облечена како келнер во Бургер кинг и таа е исто така неверојатно прекрасна, мажите ќе ги сметаат и двете жени за подеднакво привлечни. За нив не е важно што прави жената, што работи. И има истражувања што го покажуваат ова. Така што, оценките на мажите за тоа колку е привлечна една жена има врска со тоа колку таа жена е привлечна.
Кај жените не етака. Кога жените ги оценуваат мажите, сè зависи од тоа што тие носат? Дали тие покажуваат знаци дека имаат пристап до богатство? И жените имаат тенденција да модулираат колку физички привлечни ги сметаат мажите врз основа на тоа дали ги имаат овие знаци поврзани со ни9вната способност да придонесат за лагоден живот.
Како што реков, кај мажите не е така. За нив привлечноста на една жена не зависи од тоа дали таа е на некоја моќна позиција. Таквата жена, мажите ќе ја сметаат за еднакво привлечна, како и убавата жена која не е на моќна позиција.
(Сара Е. Хил е психолог, наградувана за нејзините истражувања, со над 100 истражувачки публикации и две книги. Револуционерното истражување на д-р Хил е објавено во „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Саентифик американ“, „Економист“ и во телевизиски емисии како „Добро утро“ и „Тудеј шоу“.)