Набргу откако кандидатот за градоначаник на Чаир од редовите на Вреди, Изет Меџити, се пофали со средба со архитектот Бајрам Вардар за уредувањето на Чаир, и неговиот противкандидат од редовите на ДУИ, Бујар Османи, објави фотографија со светски познатиот архитект Мишел Ројкинд.

-Денеска со Ројкинд прошетавме низ Чаир. Го слушав внимателно додека ги анализираше улиците, просторот и луѓето. Заедно работиме на визија за урбана преродба на Чаир. Конечно ќе добие долгорочен план за развој и урбанизација, објави Османи.

Тој нагласи дека архитектот ги издвоил клучните приоритети – јавен простор, пристапност, естетика и функционалност.

-На Чаир не смее повеќе да се гледа како симбол за хаос и нефункционалност. За мене ова е домот каде ќе вложам секој атом енергија за да го подигнеме од пепелта, пбјави Османи.

Претходно Изет Меџити на неговиот фејсбук профил го објави името на познатиот урбанист од Турција, Бајрам Вардар кој ќе биде дел од тесниот круг на соработници кој веќе работи на новиот концепт за урбан развој на Општина Чаир.