Паушалните изјави на СДС, да не беа смешни ќе беа навистина трагични. Бетонизацијата беше второто моминско презиме на Филип Темелковски и неговата екипа, кои го претворија јавниот интерес во приватен профит.

Да потсетиме за јавноста: градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уште од првиот ден на мандатот го поништи предлог-ДУП-от на Темелковски и мафијата, со кој се предвидуваа 99 згради во Расадник.

Тоа значеше бетонизација на повеќе од 1 милион м² бруто површина и гушење на народот. Наместо тоа, за првпат после Кензо Танге, се распиша Меѓународен конкурс за Расадник за избор на идејно решение и вистински развој, наместо груба градба.

За првпат беа поништени маркици и ДУП-ови таму каде што СДС дозволуваше по 30-40 станови во еден објект во Црниче и Пржино. Сега таму има строги ограничувања до максимум четири станбени единици. И тоа е нивната болка заради која денес држат вакви смешни прес-конференции.

А уште повеќе ги боли фактот што на претстојните локални избори силно ќе изгубат и ќе останат без ниту една општина. Но, тоа е реалност со која мора да се соочат. Урбаниот хаос и дивеењето на урбаната мафија завршија со нивното заминување во политичка пензија.

Денес, на местата каде што СДС планираше згради, никнуваат паркови, зеленило, детски катчиња и спортски терени. Така ќе биде и во Скопје после октомври, град по мерка на луѓето, а не на мафијата.

СДС – никогаш повеќе!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ