Целта на мНРА вакцините против Ковид-19 е да создадат таканаречен спајк протеин, кој, пак, се создава насекаде во телото, на пример во срцето, а нашиот имунолошки систем го напаѓа тој туѓ протеин и на тој начин го оштетува организмот, односно конкретен орган како, на пример,  срцето. Па оттука веројатноста да се добие миокардитис е многу реална. Вака накратко американскиот професорот по еволутивна биологија Берт Вајнштајн го објаснува дејствувањето на мРНА вакцините против Ковид-19 и нивната штетност по здравјето на луѓето во емисијата на британскиот новинар Пирс Морган на неговиот „јутјуб“ канал „Piers Morgan Uncensored“. Еве го клучниот сегмент од тој разговор:

Пирс Морган:

Лаички кажано, проблемот со мНРА вакцините е дека, во обид да се обезбеди имунитет против Ковид – 19, всушност се врши оштетување и намалување на општиот имунитет кај многу луѓе.

Брет Вајнштајн:

Не би рекол дека е толку лошо, туку дека е многу полошо од ова што го велите. Тоа е вистината. Проблемот со мНРА вакцините против Ковид е што нивната цел е да ги поттикне вашите сопствени клетки да создадат туѓ протеин (спајк протеинот, н.з.) кој се прикажува на површината на тие клетки. Но, проблемот е што тој спајк протеин, по примањето на вакцината, телото ќе почне да го создава насекаде, бидејќи не постои механизам што ќе наведе тоа да се случи само во одредени ткива. Оттука, тоа создавање на спајк протеинот може да се случи низ телото, вклучително и на места како вашето срце.

И кога тој ќе се создаде, тоа го активира вашиот сопствен имунолошки систем да го види тој туѓ протеин и да го заклучи единственото нешто што може да го заклучи, а тоа е дека тие клетки се вирусно инфицирани. И вистинскиот одговор, природниот одговор на телото е да тргне кон вирусно инфицирани клетки и да ги уништи.

Значи, идејата дека добиваме миокардитис од вакцините против Ковид всушност претставува многу поостра реалност, а тоа е дека воспалението, миокардитисот, е симптом на оштетување на срцето предизвикано од нашиот сопствен имунолошки систем како одговор на клетките во срцето кои произведуваат туѓ протеин и го активираат нашиот имунолошки систем да ги нападне.

Пирс Морган:

Запознав еден од луѓето кои стојат зад вакцината на АстраЗенека, еден од луѓето од Оксфорд, и тој ми рече дека навистина се спасивме од опасно сценарио. И ми рече дека ако Ковид имаше стапка на смртност, особено кај младите луѓе, стапка слична на таа како кај црната чума, тогаш тоа навистина би било сериозно. И дека можеби лекциите што ги научивме од Ковид пандемијата ќе бидат исклучително корисни во справувањето со следното нешто што доаѓа. И неговото предвидување беше дека е многу веројатно дека ќе мора да се справиме со уште една пандемија од некаков вид и дека може да биде многу посериозна, но лекциите што ги научивме со ова всушност би можеле да бидат многу корисни. Дали би се согласиле со тоа?

Брет Вајнштајн:

Не. Мислам дека шансите дека ќе се справиме со уште една пандемија се всушност, за жал, тесно поврзани со нашето истражување на биолошкото оружје, кое прикриено се врши во САД, како дуално истражување (истражување со цел да се добие некаков бенефит, но кое лесно може да доведе до загрозување на здравјето на луѓето, н.з.). Доколку ги прекинеме овие истражувања, шансите за сериозна пандемија што би барала рапидно брза интервенција со мНРА вакцините се всушност мошне ниски, а приказните што ги користиме за да го оправдаме масовно вакцинирање со мНРА вакцините не можат да издржат сериозен тест.

На пример, пандемијата на грип од 1918 година нема да се случи повторно денес од две различни причини. Прво, многу од луѓето што починаа всушност беа жртви на бактериска пневмонија што сега можеме да ја лекуваме со антибиотици. И второ, аспиринот во тоа време беше нов чудотворен лек. А дозите што им се даваа на луѓето што се заразиле со грип се дози за кои сега се смета дека се фатални.

Значи, ако ја повториме историската лекција и се запрашаме колку често болестите кои ќе „избегаат“ од природата, кои ќе произлезат од неа, бараат радикална интервенција, одговорот е дека поминало многу време откако се случило, а веројатноста да се случи повторно во ерата кога циркулираме глобално и поради тоа имаме природен имунитет од болестите со кои имаме тенденција да се сретнеме на едно или друго ниво – шансите да се сретнеме со нешто што бара од нас повторно да го запреме светот и да распоредиме вакцина низ цел свет со молскавична брзина се мали.

Исто така, би истакнал дека да, во една смисла, платформата мНРА решава едно фармаколошко прашање, а тоа е дека може да се распореди многу брзо низ светот.

Од друга страна, таа носи дефект во својата срж, дефект што оди подалеку од тенденцијата да го активира имунолошкиот систем и да ги нападне сопствените ткива. А тоа е дека самата природа на платформата бара презентирање на многу тесен антигенски сет, што значи дека вирусите со кои се соочуваме, кога ќе се соочат со мНРА вакцините, имаат релативно лесен проблем за надминување по пат на еволуција. Имено, за разлика од природниот имунитет, каде што станувате имуни на целиот вирус, вашиот имунитет стекнат со мНРА вакцините е имунитет кон еден антиген и тоа е нешто што самиот вирус преку еволуцијата лесно може да го заобиколи. Значи, она што ние имаме тенденција да го правиме со тесно насочена платформа како мНРА е да ја поттикнеме еволуцијата на вирусот, што може дури и да ја продолжи пандемијата.