Синоќа околу 18 во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во село Колибари, Кичевско, 15-годишна малолетничка од истото село, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, Кичевско.

Како што информираат од МВР, лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.