Дел од персоналот на четата од Армијата, заедно со моторни возила, опрема и материјално-технички средства, се упатуваат кон СР Германија за да учествуваат на вежбата „Saber Junction 25“.

АРМ
АРМ
АРМ

Припадниците на македонската Армија кои ќе учествуваат во вежбата, вчера во штипската касарна беа построени и испратени од министерот за одбрана, Владо Мисајловски, началникот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски.

АРМ

На вежбата како примарен елемент ќе се ангажира дел oд Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) со потребни елементи за реална логистичка поддршка, како и потребен број на моторни возила и материјално-технички средства.

Вежбата SJ 25 ќе се реализира во период од 23 август до 18 септември 2025 година во Хохенфелс, СР Германијa под организација на USAREUR –AF. Целта на вежбата е развој на професионални и оспособени борбени единици за одржување на стабилна и безбедна средина, како и соодветен одговор на заканите по националната безбедност.