На денешната панел дискусија насловена “Меѓународна соработка за развиени општини“ во рамките на настанот Саем-Отчет учествуваше и вишиот директор на НДИ во Македонија, Роберт Скот кој посочи дека НДИ соработува со локалните самоуправи во Македонија и тоа по неколку различни програми.
Роберт Скот истакна дека во програмата за градење отпорност кон корупцијата, со поддршка од шведската влада работат со општините Гази Баба, Боговиње, Струмица, Куманово, додавајќи дека ваквата соработка во борбата против корупцијата сакаат да ја прошират и со други општини.
„Исто така, во рамките на оваа програма, соработувавме со Стефан Андоновски од министерството за дигитална трансформација, со Златко Перински од министерството локална самоуправа и со Орце Ѓорѓиевски од ЗЕЛС. Еден од примерите за регионална соработка е отворено партнерство со владата, така учат општините низ целиот свет да соработуваат. Принципите лежат и во самата основа на тоа како треба да работат општините, инклузија, соработка, транспарентност и отчетност“, рече директорот на НДИ, Скот.
Понатаму, тој додаде дека, да се биде член во вакви мрежи на соработка против корупција, се принципи што ние сакаме да ги примениме за да ги задоволиме потребите на граѓаните.
„Понатаму го имаме ГРЕКО како можност за соработка. ГРЕКО е организација на група на земји која се бори против корупцијата. Оценките на ГРЕКО се однесуваат на тоа каква е законската регулатива, но исто така, и како граѓаните да бидат што поблиски до власта и да се елиминираат сите можности за корупција. Сакам да истакнам неколку примери, Орце и Кисела Вода и Тони од Битола започнаа со имплементација на процедури во согласност со нивниот регистар на ризици од корупција“, истакна, меѓу другото, Скот.