Инцидент се случи утрово на фудбалски натпревар помеѓу 15-годишни деца во Штип.

Играле пионерските екипи на Брегалница и на Шкупи, а во последните мигови од мечот, кога резултат бил 2-1 во корист на домаќините, неколку родители на фудбалерите на Шкупи влегле на теренот и настанала тепачка, по што две деца завршиле во болница.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) најостро го осуди инцидентот.

Видеото од инцидентот е објавено на Фејсбук страницата „Секојдневието Во Штип“.