Големо е задоволството што токму на денот кога ја одбележуваме 115-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, во нејзината спомен-куќа ја отвораме изложбата со наслов „Мирот започнува со насмевка“. Овој наслов ја носи суштината на нејзината порака дека љубовта, добрината и мирот започнуваат од мали, но искрени гестови, рече министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.
Спомен-куќата на Мајка Тереза претставува значајна музејска институција под надлежност на Министерството за култура и туризам. Таа не е само место на сеќавање туку и простор за инспирација и промоција на вредностите што таа ги застапуваше.