Војната во Украина можеше да заврши одамна доколку Европската Унија вложеше толку енергија за постигнување мир колку што троши на поддршка на конфликтот, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Во изјава за словачкиот јавен радиодифузер СТВР, тој кажа дека целта на неговата влада е што побрзо да го заврши конфликтот во Украина.

– Оваа војна требаше да заврши одамна. Зошто сè уште трае? Затоа што некој ја поддржува. Оваа војна можеше да заврши три месеци откако започна, но некој рече: не, не, не“, нагласи Фицо.

Словачкиот премиер претходно изјави дека Западот се надевал дека ќе ја искористи Украина за да ја ослабне Русија, но тоа не успеало и нема да успее.

Фицо смета дека војната ја довела Украина во „ужасна состојба“ и дека потпишувањето на мировен договор било спречено под притисок на западните политичари кратко по почетокот на конфликтот во 2022 година.