Кирил Пецаков, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се уште актуелен градоначалник на Охрид најави дека финализираат подготовките за почеток на реконструкцијата на делот кај споменикот на А. Ден Долард, попознат како Холандски парк.

Пецаков вели дека се очекува наредните денови да започне реконструкцијата.

Согласно проектот предвидено е израдба на нова фитнес зона на отворено, за сите љубители на спортот, сосема ново детско игралиште, каде што најмалите ќе можат безгрижно да си играат, нови клупи за одмор и корпи за отпад за уживање во чиста и уредна околина, модерно осветлување за безбедни вечерни прошетки, како и целосно уредување на пешачките патеки и зеленилото.

-Проектот е финансиран преку повикот од Владата на Република Македонија, Охрид не запира повеќе, порачува Пецаков.