Во здрава љубовна врска, најважни нешта се меѓусебното почитување, довербата и чувството на слобода. Кога двајца луѓе ќе се одлучат на заеднички живот, тоа не значи дека едниот мора „да се избрише“ себеси за да му угоди на другиот. Врската треба да биде безбедно место каде што партнерите се поддржуваат еден со друг, а не да се ограничуваат. Љубовта не е постојано превоспитување, докажување или контрола, туку разбирање и почит на индивидуалноста, пишува порталот „Кликс“. Така, постојат работи што никогаш не треба да ги бараме од партнерот /-ката, бидејќи тие барања не покажуваат љубов, туку несигурност и потреба за контрола.

Не барај да се промени за тебе

Можеби една од најчестите грешки во врската е очекувањето – другиот да се промени за нам да ни биде полесно. Љубовта не значи да превоспитуваме или обид да обликуваме некого според нашите очекувања, потреби и желби, туку просто – прифаќање на личноста. Вистинската блискост доаѓа од тоа прифаќање, а не од притисокот врз некого да биде различен.

Не го /ја терај да се откаже од своите соништа и цели

Кога некој го тера другиот да се откаже од нешто што го сака или за коешто гаи чувства, постепено ја уништуваме неговата /нејзината мотивација и самодоверба. Здрава врска значи поддршка на стремежите на другиот, а не ограничување. Љубовта треба да биде ветер во грб, а не товар.

Не барај тој /таа да се оддалечи од семејството и пријателите

Понекогаш, од несигурност, сакаме нашиот партнер да минува повеќе време со нас, но изолирањето од блиските води кон нездрава врска. Врската не треба да биде замена за остатокот од светот. На сите ни треба простор и други луѓе кои нè исполнуваат.

Не ги потиснувај емоциите, но и – без претерана сомничавост

Тишината и избегнувањето разговор може привремено да го одржат мирот, но долгорочно, создаваат ѕид меѓу партнерите. Отворениот разговор, дури и кога е непријатен, но без лоша мисла, помага одредени двајца да се разберат еден со друг и да си ги решат проблемите. Искреноста гради доверба, додека потиснувањето на емоциите создава оддалеченост.

Во таа смисла, понекогаш и читањето пораки, барањето лозинка, т.е. премногу честата проверка на телефонот се претвора во знак на недоверба. Секој има право на свој простор, дури и во врска или брак.