Напаѓачот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор бурно реагираше на вчерашниот натпревар кога тренерот Чаби Алонсо го замени во 71.минута. Според информациите на тие што биле на теренот Бразилецот кон тунелот и соблекувалната си заминал со зборовите:
„Заминувам од тимот … Заминувам, подобро јас да одам“.
Винисиус беше лут и во моментот кога го забележа својот број на таблата за замена кај четвртиот судија.
Според шпанските медиуми во соблекувалната реагирал тренерот на голмани Луис Љопис, кој успеа да го смири Винисиус, кој по неколку минути се врати на клупата за резерви.
Тренерот Алонсо по дуелот изјави дека такви работи се случуваат и дека тоа ќе биде решено интерно во клубот.
Реал Мадрид со вчерашната победа од 2:1 против Барселона, ја зголеми бодовната разлика на пет бодови во однос на големиот ривал.




