Јованка КЕПЕСКА

Ноторно е дека идејната состојба го гради единството. И притоа не станува збор за едномисленост туку за надминување на различните гледања во дијалог. Најзначаен е, оттаму, разговорот за различните стојалиштата за да се постигне бараното единството но како реалноединство. Аристотел говори за таков разговор. Тоа би бил разговорот во кој меѓусебно би се истакнувале кај соговорникот противречностите во исказите како би можеле да бидат надминати. Во практичниот (и политичкиот) говор се ословува како доаѓање до вистината или како за разговор со аргументи.

Ваквиот приод, секако, е нераздвоен од демократскиот процес. Впрочем, и со оглед на постигнатите општествени промени кои ја определуваат и позицијата на човекот, индивидуата, и искажување на потребата за потврда на индивидуалноста преку слободата на мислењето и творештвото како претпоставки за сеопштиот општествен развој.

Што секако ја наложува расправата за вистинските, како најважни, прашања во идејната сфера. Но, мора да се упати дека она што опстојува во идејната сфера, во духовната состојба, создавана преку теориските пристапи, образованието и друго, мора да се претпостави дека го унапредува или го задржува напредокот. Од  нивното надминување зависи општественото единство а без кое нема и реален напредок на целото општество.

Опстојувањето на старата идејна состојба, без оглед на сферата во која се пројавува, бидејќи, по својата суштина е статична, станува кочница во развојот. Таа опстојува како свест бидејќи произлегува од потребата да се зачуваат статусните позиции на нејзините носители. Поминавме општествен период на помалку или повеќе пројавен административно бирократски начин на управување со општите работи и на еднопартиски, поврзан со државата, еднозначен облик на одлучување. Таквиот пристап создаде бирократско- партиски социјален слој од носителите на процесите. Во теориските објаснувања, на пример во Полска, таквиот социјален лој се ословуваше и како класа која треба со револуција да се симне од социјалната позиција.

Ваквиот социјален слој, помалку или повеќе, својата потреба да ја задржи позицијата во општеството ја пројавува со наметнување на идејна сфера од минатото во сегашноста. Затоа и таквата идејност е означена со одбрана на статичноста во развојот на општеството. Статичноста на приодот се дејствува преку теоретските основи врз кои се формирало минатото и се воспоставил нивниот социјален статус а таквиот се настојува да опстојува и понатаму.

Првата теоретска основа е поврзана со приодот кон нацијата. Нацијата е претпоставена како дефинитивна форма на општествениот живот и тоа конципирана преку дадениот политички систем, ставена, притоа, настрана а препуштајќи го централното место на остварувањето на позицијата на работничката класа во општеството. Со оглед на идејниот приод негацијата на дијалектиката следователно ја изнегирала улогата на нацијата како политичка заедница во надраснувањето на народот како негов идентитет на повисок ниво. Односно приодот ја изедначува политичката идентификација со нацијата ја негира понатамошната идентификација на народот преку инструментите на нацијата. Се губи природната основа за идентификација која е во народот. Истовремено, дотолку повеќе, според идејниот концепт на нацијата, културата е базирана единствено врз литературниот јазик. Од вакви појдовни позиции произлегува и вреднувањето на на севкупното творештво, во континуитетот на претходниот историски развој, кое останува занемарено и незначајно за социјалистичкиот развој односно. На чекор потоа е прогласувањето за неважно, на минатото. Особено од граѓанскиот (капиталистичкиот) период во историскиот развој. Така се вреднувани ако не се дифамирани, филозофските,  научните и културните придонеси на поединците, на културните обележја на историскиот период и, на крајот, и облиците на политичката организација кои не припаѓаат на комунистичкото движење. Оттаму и негаторскиот однос кон првиот политички облик на организираност на македонскиот народ, какво што е ВМРО, подразбрана било како организација или како партија, истоветно и кон дејците на тоа дело, војводите, комитите и други.

Потребно е да се спомене и судирот на приодот општонародната власт изразена со АСНОМ и активностите за етаблирање на предоминацијата на пролетерската идеологија и нејзините носители во повоениот македонски развој. Знаеме дека АСНОМ настанува како израз на општонародната, револуција оттаму и општонародниот карактер на власта која и е водена од КПМ, но мора да се имаат предвид и граѓанските елементи ( сеуште не е укината приватната сопственост, многу партискиот систем, елементите на граѓанската власт изразена и со Декларацијата за правата на човекот, односот спрема социјалните слоеви,спрема интелигенцијата и друго) што се евидентно присутни.

Со предоминација на пролет култот јасно е дека и во идејна мисла има промени  но проблематично е што имаат по инерција потреба да опостојуваатат и сега. Кратко би ги обележиле како прибежиште кон изборот е еден и кон изворот е еден и во мислата. А тоа говори за негација на другото а, фактички за статичност, што е одлика на конзервативизмот. Идејна состојба која не овозможува општествен напредок затоа што развојот на општеството денес е заснован врз развиеноста на поединците и од можноста за нивен придонес, се разбира,  осознаено научно и културно. Во интерес на збогатување на ликот и угледот на својот народ.