Русија упати предупредување до „вжештените глави“ во САД на опасни последици од воено сценарио во Венецуела, изјави денеска заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков.
– Со загриженост гледаме на обидите на САД да консолидираат анти-чавез движење против Венецуела од државите на Јужна Америка. Тоа е загрижувачка тенденција…Обидот за воена интервенција би бил катастрофален за развојот. Ги предупредуваме вжештените глави во Вашингтон против такви обиди, изјави Рјабков.
САД воведоа санкции за Венецуела, а претседателот Доналд Трамп изјави дека воена опција „и понатаму е на маса“.