Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер присуствуваше на затворањето на работилницата за градење отпорност на национално ниво, реализирана во соработка со Институтот на САД за безбедносно управување и Амбасадата на САД.
-Во рамки на работилниците беше реализирана и вежба која ја тестира националната подготвеност за колективна одбрана и отпорност и овозможи вмрежување помеѓу професионалците од над триесет институции и оператори на критичната инфраструктура, истакна Мисајловски.
Министерот нагласи дека овие активности овозможуваат да се зајакне меѓуинституционалната координација и да се утврдат следни чекори на Владата, со цел поефикасен и отпорен систем во служба на граѓаните.
Мисајловски упати благодарност до амбасадорката Агелер и нашите американски сојузници и стратешки партнери за континуираната поддршка и соработка во развојот на одбраната, како и за заедничките напори за јакнење на безбедноста, стабилноста и напредокот на државата.




