Од вторник судската администрација размислува за прекин на работата во одредени судови . Од УПОЗ за Телма велат дека револтот кај оваа категорија вработени настанал откако парите од судскиот буџет наместо за додатоци на плати за судската администрација, се трошат за тужби поднесени од судии.

„Револт во судовите има веќе извесен период и големо незадоволство кај покачување на плати и исплата на додатоци по плата. Уште повеќе има револт поради тоа што сите пари од судскиот буџет се одливаат на исплата на неосновани тужби на судиите кои, иако се функционери, тужат за исплата на регрес на годишен одмор по колективни договори потпишани од синдикатите кои не важат за функционери, важат само за работници. И сега најново по тужби исплата на средства по тужби за спогодби во кои што судиите имаат потпишано дека нема да тужат. А најновото е дека во одлуката на судскиот буџетски совет за исплата на јубилејни награди на судии, одлагање на барање од исплата на јубилејни награди за вработените”, изјави председателот на УПОЗ, Трпе Деаноски за Телма.  

Поради сите овие проблеми додава дека нема доволно финансиски средства во судскиот буџетски совет. Не е донесена ниту одлуката за исплата на додатоци на плата која е предвидена за крај на оваа година и треба да биде исплатена кон судската служба.

„Оваа последна одлука ја прели чашата, незадоволството е многу големо моментално во сите судови. Нашите колеги и членови на синдикатот се јавија уште во петокот, веднаш донесување на одлуката, дека се спремни да прекинат со работа почнувајќи од вторник”, додава Деаноски.